Ниту смената на Славен Билиќ не му помогна на Вест Хем да се издигне од зоната за испаѓање. Дејвид Мојс тргна со пораз од Вотфорд со 2-0, а „чеканите“ се на 18-то место на табелата во Премиер лигата, со две победи, три нерешени исходи и дури седум порази.
Навивачите освен за лошите резултати се загрижени и од ужасната игра. Фановите на клубот кои се едни од најдобрите во Англија веќе се свесни дека им предстои тешка битка за опстанок до крајот на сезоната.
Нивните миленици играт до толку ужасно, што ги натерало навивачите после секој пораз да започнат да ја повикуваат Брзата помош.
– Го повикуваат бројот 999 бидејќи Вест Хем повторно изгубил. Навивачите, само затоа што не знаат што да направат после поразот, да го прават ова бидејќи е недозволиво. Тоа е потолно губење на времето, се огласиле од Брзата помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Се шегуваа, па ги преминаа сите граници: Еве како француската новинарка се справи со фановите на Барселона (Видео)