Додека се подготвуваат за следната успешна сезона, „металурзите“ пронајдоа малку време и за авантура низ дивата природа. Нашите ракометари Аце Јоновски, Филип Миркуловски, Дарко Станиќ, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски и Петар Ангелов, Златибор го истражуваат максимално забавно на мотори на четири тркала.
– Одличен начин за рекреација и одмор по напорните тренинзи. Прекрасно искуство – вели голманот Петар Ангелов.
Според нив најдобро се снајде Аце Јоновски, кој призна дека има и претходно искуство со овој вид мотори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.