„Црвено-црните“ во последните денови работеа напорно на подобрување на физичката подготвеност во пресрет на напорната нова сезона, а тренерот Зоран Кастрастовиќ го искористи ова за да им даде шанса на сите ракометари. Во поголемиот дел од натпреварот силите на теренот беа израмнети, а „вардарци“ во финишот го скршија отпорот на противникот и стнгаа до заслужена победа. Петриќ и Прибак постигнаа по шест погодоци за тимот на Вардар, Растворцев беше стрелец на пет гола, додека Дибиров четири пати ја затресе мрежата на противникот.
Вардар во сабота ќе одиграат уште еден контролен натпревар во Словенија, по што се враќаат во Македонија. Тие ќе бидат дел од традиционалниот турнир во Струга, а новост е што „црвено-црните“ ја прифатиле и понудата да бидат дел од силниот турнир во Стразбур, каде ќе учествуваат и екипите на Веспрем, Париз, Данкерк, Арагон…
Извор: Екипа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.