| четврток, 6 декември 2018 |

Дете си ги убило родителите, бабата и тетката и се самоубило

marcelo-w-620x349Тринаесет годишниот Марсело Песегињи од бразилскиот град Сао Паоло, Бразил, ги убил родителите, бабата и тетката на спиење. Заминал на училиште, а кога се вратил дома извршил самоубиство.

Убиствата, според наводите од бразилската полиција, биле извршени во понеделникот рано утрото. Пукал со пиштол со калибар од  девет милиметри. На местото на злосторството бил пронајден еден пиштол, кој бил за службена употреба. Таткото Луиз бил капетан во полицијата, а мајката Андреа работела во воената полиција.

Полицијата смета дека сите докази наведуваат дека Марсело ги убил родителите и роднините. Тие ја пренесуваат изјавата на детето дадена на пријател дека „ќе ги убие родителите и да стане платен убиец“.

Можно е тинејџерот да бил инспириран од злосторството познато како „Убиствата во Амитвил“, што се случило 1974 година, кога Роналд Де Фео ги убил родителите, двајцата браќа и двете сестри во семејната куќа додека биле на спиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top