| четврток, 6 декември 2018 |

Северина се раздели од таткото на нејзиното дете

severina-vuckovic-milan-popovic-sin-aleksandar-1362167395-275601Северина и 7 години постариот продуцент Милан Поповиќ ставија крај на нивната тригодишна врска. За нивната разделба се споменуваше често, последен пат на крајот на минатиот месец кога 47- годишниот продуцент е снимен на јахта Copper без Северина. Откако ја прекинаа врската, Северина може да се забележи единствено во друштво на едногодишниот син Александар. Тие се обидоа да ја спасат својата врска и на крајот од 2012, кога Северина јасно кажа дека се карактерно
преразлични.

На тие коментари Милан изјавуваше дека му било тешко да биде разделен од Северина и дека секогаш ќе се грижи за нивниот син единец.

– Александар е мое дете и јас секогаш ќе му помагам и ќе се грижам за него, тоа е и нормално, природно. Исто важи и за мајката на моето дете – објасни продуцентот во 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top