| четврток, 6 декември 2018 |

Заев им го честиташе Бајрам на мусилманите

Isak Celebi dzamija
И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до сите муслимани по повод утрешниот голем верски празник. Во неговата честитка стои:
Нека овој празник, на Вас и на сите верници од исламска вероисповест, Ви донесе радост и среќа, успех и напредок, мир во душата и зближување на срцата.Дозволете ми Вам лично и на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви ги упатам моите искрени честитки по повод големиот верски празник РАМАЗАН БАЈРАМ, со желби за добро здравје, благосостојба и мир во душата. Верувам дека, како и досега, ќе останеме цврсто обединети во заедничкиот стремеж за непрекината промоција на мултикултурната и мултиконфесионалната соработка и соживот во нашата држава. На тој начин заеднички ќе придонесеме во остварувањето на поголема духовна благосостојба на сите граѓани на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top