Георгиевски со Стеауа одигра 1:1 во Букурешт со Динамо Тбилиси и благодарение на победа од 2:0 на првиот дуел се пласираа за баражот. Георгиевски го одигра целиот натпревар, додека Дарко Глишиќ во Динамо Тбилиси беше на клупата за резерви и не влезе во игра.Ибраими со Марибор одигра дома 0:0 против АПОЕЛ и правилото „гол на гости“ од вкупниот резултат 1:1 го однесе Марибор во следната фаза. Ибраими беше 83.минути на теренот.

Музафер Ејупи ги одигра последните 26 минути за првакот на Албанија, Скендербег. Неговата екипа, победи со 3:2 против Шахтјор Караганди и не се пласира во следната фаза.

Од македонските играчи вечерва ќе настапи екипата на Александар Трајковски, Зулте Варегем против ПСВ.

На вчерашните  натпревари беа постигнати следните резултати:

Стеауа – Динамо Тбилиси 1:1 (3:1)
Марибор – АПОЕЛ 0:0 (1:1),
Фенербахче – Салцбург 3:1 (4:2),
Скендербег – Шахтјор Караганди 3:2 (3:5),
Макаби Тел Авив – Базел 3:3 (3:4),
Партизан – Лудогорец 0:1 (1:3) и
Грасхоперс – Олимпик Лион 0:1 (0:2).
Вечерва се играат натпреварите:
Хафнарфјордур – Австрија (0:1 прв натпревар),
Зенит – Нордсјеланд (1:0),
Шериф – Динамо Загреб (0:1),
Металист – ПАОК (2:0),
Елфсборг – Селтик (0:1),
Викторија Плзен – Калју (4:0),
Легија – Молде (1:1) и
Варегерм – ПСВ (0:2).