Утрово било најстудено во Маврово. Таму била измерена најниска температура од минус девет степени во земјава. Според Управата за хидрометеоролошки работи минус седум се измерени во Лазарополе, минус пет во Берово, минус четири во Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Дебар, минус три во Скопје, Виница и Штип, минус два во Охрид, Битола, Демир Капија и Струмица, минус еден во Претор и нула во Гевгелија.
Денеска времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб доумерен ветер. Во попладневните часови ќе се намали облачноста. Температурата ќе се движи од нула до пет степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.