Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи на кои ќе смета за пријателскиот натпревар со Бугарија закажан за 14 август во Скопје. На А селекцијата ќе и се приклучи Давид Бабунски од Барселона, додека од домашното првенство е повикан најдобриот стрелец од минатата сезона, Јован Костовски од Вардар.
– Ова е последна проверка пред квалификациските натпревари со Велс и Шкотска во септември, затоа иако сега е подготвителен период во сите клубови, се одлучив да повикам играчи кои имат минутажа и се активни во своите клубови. Овој натпревар не е за да експериментирање како што направивме со Шведска и Норвешка во јуни, затоа треба да го сфатиме многу сериозно, изјави Јаневски за веб страната на ФФМ.
Јаневски информира дека е остварен контакт со сите повикани, а Горан Попов не успеал да го добие и покрај вложените напори.
На списокот на Јаневски се наоѓаат:
Голмани: Томе Пачовски (Мехлен – Белгија), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт – Романија) и Дарко Тофилоски (Кошице- Словачка).
Одбрана: Александар Тодоровски (Штурм – Австрија), Даниел Георгиевски (Стеауа – Романија), Стефан Ристовски (Латина – Италија), Николче Новески (Мајнц – Германија), Ванче Шиков (Волин – Украина), Даниел Мојсов (Бран – Норвешка) и Даниел Ивановски (Мјалби – Шведска).
Среден ред: Остоја Стјепановиќ (Висла Краков – Полска), Стефан Спировски (Борац Чачак -Србија), Никола Глигоров (Кхазар Ланкаран – Азербејџан) и Давид Бабунски (Барселона – Шпанија).
Напад: Александар Трајковски (Злуте – Белгија), Агим Ибраими (Марибор – Словенија). Иван Тричковски (Беверен – Белгија), Мирко Ивановски (Астра – Романија), Горан Пандев (Наполи – Италија), Адис Јаховиќ (Вил – Швајцарија) и Јован Костовски (Вардар – Македонија).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Не зборувајте со невестата, носете само коњски реп: Гостите добиле листа со 10 правила за присуство на оваа свадба (ФОТО)
-
Објавен редоследот на партиите на гласачките ливчиња
-
Подготвувате свадба? Од овие луѓе исчистете го свадбениот список…
-
Околу 5.000 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список во подрачните на ДИК


