Од 1986 година кога се случи нукеларната катастрофа во Чернобил, Украина, властите забранија било кој да се движи во зоната околу нуклеарката поради високата радијација.
Скоро 300.000 луѓе се иселија од таа област, што овозможи на многу животни, како волците, рисовите, орлите да дојдат на ова место.
Фотографот Сергеј Гашчак, далечински управувајќи со камера го направил овие фотографии, објавени во лондонски „Индепедент“ во тек на изминатите 15 години и на нив јасно се гледа дека ама баш ништо не им е на животните иако апаратите покажуваат висока радијација. Инетерсно е и тоа што по катастрофата, околу стотина пензионери и покрај предупредувањата на владата во Киев, се вратиле назад во гардот Припајат, кој е најблиску до реакторот. Повеќето од нив се уште се живи!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.