| четврток, 6 декември 2018 |

Како животните знаат дека ќе има земјотрес?

Животните ги чувствуваат земјотресите пред нас. Секој земјотрес се состои од два иницијални бранови, голем и мал. Малечкиот бран му претходи на големиот за пет секунди, а милениците го чувствуваат токму овој немир на земјиштето и веднаш реагираат.

Овој начин на чувствување на земјотреси може да им се случи и на луѓе кои се во мирување, но изненадувачкиот факт допрва следи. Малиот бран пред земјотресот не е ништо во споредба со способноста да почувствуваат земјотрес денови пред тој да се случи.

Животните преживеале комплетно менување на тлото на земјата со тоа што мигрирале од трусните подрачја недели пред да се случат земјотреси и лизгања на земјиштата. За сега постојат само теории за нивниот развој и исклучително чувствителни сетила.

Некои од научниците сметаат дека тоа се должи на гравитацијата која ја примаат со сите четири нозе, но ниту една претпоставка не е со сигурност докажана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top