| четврток, 6 декември 2018 |

Рапид нема да игра во домашното првенство на Романија

Меѓународниот суд за арбитража во спортот донесе одлука дека Рапид нема да игра во домашната лига поради неисполнување на финанскиските обврски

rapid

Според правилата на Меѓународниот суд за спортска арбитража, Романската фудбалска федерација требала да го оневозможи тимот да игра во плеј-оф сегментот за опстанок во елитното друштво против екипата на Конкордија.

Откако загуби, овој табор се жалеше кај Меѓународниот суд за арбитража во спортот, со тврдењето дека Рапид автоматски би требало да се пресели во втората лига поради долговите.

Инаку, составот не доби лиценца од националната фудбалска федерација, откако прогласи неликвидност минатиот ноември.

По сево ова, дерби соочувањето меѓу тимовите на Стеауа и на Рапид, кое требаше да се одигра денеска, сега е откажано.

Рапид од Букурешт досега три пати бил фудбалски шампион на Романија, последен пат во сезоната 2002/2003, а во дури 14 наврати бил вицепрвак.

Во континенталните конкуренции најдалеку одеше до четвртфиналето, најпрво во Купот на куп победниците во 1973-та, а потоа и во УЕФА купот во 2006-та година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top