| четврток, 6 декември 2018 |

Албанец од Скопје убиен во Сирија

lajme-almakos_187627323Албанецот Сами Абдулахи од Скопје бил убиен во Сирија борејќи се против режимот на Башар ал Асад, јавува сајтот на албански јазик Алмакос.

Според сајтот, убиениот бил оџа во Бремен, Германија, а учествувал и во воениот конфликт во Македонија во селото Матејче. Тој деновиве настрадал во борбите против курдите во Сирија.

Абдулахи е вториот Албанец од Македонија кој е убиен во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top