Сансом играл за селекцијата на „Гордиот Албион“ во 86 наврати, од 1979-та до 1988-та година и во тој период настапувал на Мундијалите во Шпанија и во Мексико.
Долгогодишниот стандарден член на Арсенал, кој играше фудбал 21 година, од кои 14 мина во најсилниот ранг, во интервју за британските медиуми изјави дека зависноста од алкохолот и коцкањето го довела до „питачки стап“.
„Бездомник сум веќе 10 дена и немам ниту пени. Алкохоличар сум и коцкар и не ми е добро. Живеам на улица“, вели тој и додава дека „не престанува да пие“.
53-годишниот Сансом во март се напил толку што колабирал на една улица во Лондон.
Неодамна се преселил во куќата на неговата сестра, пред да си замине и од таму упатувајќи се во непознат правец, иако Професионалното здружение на фудбалери и неговиот поранешен клуб, „Топџиите“, му понудиле помош.
Сансом професионалната кариера ја почнал во Критал Палас на 16 години и бил капитен на младата репрезентација на Англија, пред да стане еден од столбовите на одбраната на сениорскиот табор.
Осум години минал во Арсенал, каде што одиграл 394 натпревари, а врвот на неговата кариера било финалето на Лига купот во 1987-та година, која како капитен го кренал пехарот по победата над тогаш доминантниот Ливерпул.
Во Њукасл заминал во 1988-та, по што играл и за Квинс Парк ренџерс, Ковентри и за Евертон, пред да ја заврши кариерата во вторлигашките екипи Брентфорд и Вотфорд.
Оттогаш, Сансом работел во медиумите, а минал неколку програми за одвикнување од алкохолизам.
Меѓу познатите играчи кои банкротирале во последните 10-на години се Ерик Џемба Џемба, Ли Хендри, Селестин Бабајаро, Џејсон Јуел, Карл Корт и се уште активниот Јон Арне Рисе. Поранешниот бек на Ливерпул во меѓувреме успеа да застане на нозе, исто како и легендата на овој клуб од 80-те Џон Барнс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Роналдињо има само 6 eвра на сметка
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)



