| четврток, 6 декември 2018 |

Хас и Дел Потро ќе играат во полуфиналето на турнирот во Вашингтон

del potro

Хуан Мартин Дел Потро и Томи Хас обезбедија учество во полуфиналето на турнирот во Вашингтон, откако рано изутринава ги совладаа Кевин Андерсон, односно Григор Димитров.

Дел По со 2:0 во сетови (7:6 (5), 6-3) го совлада Андерсон со што поведе во меѓусебните дуели со 5:0. Аргентинецот низ текот на мечот доминираше и не се соочи со ниту една брејк топка.
Негов противник во полуфиналето ќе биде Хас кој за околу два часа го совлада Димитров во два тај-брејка (7-6 (5), 7-6 (3). Аргентинецот во меѓусебните дуели со Германецот води со 4:0.
Во првиот полуфинален дуел ќе се сретнат домашниот тенисер Џон Иснер и Русинот Дмитри Турсунов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top