Според резултатите од интернет анкетата спроведена во последниве три дена на која гласале 1090 читатели на „Република“ хрватскиот ракометен стручњак Лино Червар кој во моментов го води македонскиот шампион РК Металург е најпосакуван за замена на Ѕвонко Шундовски.
Червар доби вкупно 748 гласови , на второ место е легендата на македонскиот ракомет Пепи Манасков со 190 гласови додека тренерто на РК Вардар Веселин Вујовиќ е на трето место со 90 гласови.
На четврто и петто место со 35 односно 31 глас се Љупчо Савевски и Илија Темелковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.