| четврток, 6 декември 2018 |

Нови сознанија од Шпанија: Машиновозечот не ги чул трите предупредувања- зборувал на телефон

spanija 7Секојдневно има нови информации за железничката несреќа во Шпанија во која загинаа 79 лица. Главен виновник е машиновозачот Франциско Хозе Гарзон Амо кој возел со 195 километри на час на места каде ограничувањето било 80 км/ч. Возот излета со брзина од 175 км/ч.  Според снимките во црната кутија, Гарзон во моментот на излетувањето разговарал на телефон. Потоа тој тврдеше дека „не бил толку луд да не кочи“. Денеска пак е откриено дека додека разговарал на телефон добил предупредувања заради брзината. Сите три предупредувања се случиле во две минути, а последното само на 250 метри пред возот да излета од шините.  Од несреќата 54 лица се уште се во болница, а деветмина се во критична состојба .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top