| четврток, 6 декември 2018 |

Пелистер се поднови (фото)

Во фудбалскиот клуб Пелистер, конечно, дуваат попријатни ветришта и битолскиот спортски миленик се чини се враќа на нормален колосек. Денеска на средба со новинарите беа претставени новите дресови за сезоната што е на прагот и почнува в недела, а пелистерци имаат и неколку нови спонозри и клупска интеренет-страница. Сите вести за клубот од Битола отсега ќе можат да се прочитаат на www.pelisterfc.com. Раководството најавува големи амбиции, а прв тест ќе биде дуелот со Еуромилк на 4 август во рамките на премиерното коло од Првата македонска лига.

pelister

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top