Диџеј Ник Капа, познат како „летниот диџеј“ поради песните кои ги пласира секое лето и истите стануваат европски хитови, овој викенд ќе биде во Македонија. Неговиот настап е закажан за овој петок во пробиштипскиот аквапарк.
– Се радувам што добив покана од две места покрај вода овој викенд! Едвај чекам да се сретнеме во Пробиштип покрај базен, па потоа се гледаме во Охрид, в сабота, на 3 јули покрај езеро! И на двете места ќе грмиме јако – изјави Капа.
По забавата во Пробиштип, диџеј Ник Капа патува за Охрид, каде што на 3 август ќе биде дел од „Викенд журката“ на втората плажа во Градиште, заедно со Слаткаристика, Газда Паја, Токсиколози и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


