| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК Вардар се уште не е зрел за најсилна конкуренција

Црвено-црните беа декласирани во натпревар од регионалната лига од Европскиот првак Будуќност со 41-21

По вчерашната победа во Плевља против Бисери, ЖРК Вардар во Подгорица денеска одигра уште еден натпревар од женската регионална ракометна лига и доживеаја тежок пораз од 41-21 од Будуќност. Со новите засилувања Де Роча, Фернандез и Пецевска тимот на Индира Кастратовиќ не беше ни конкретен, ни сериозен опонент, што не е добра најава за следниот период и за амбициите ЖРК Вардар да заигра во Лигата на шампионите во текот на есента.

Будуќност води во регионалното натпреварување со 17 бодови, пред Подравка со 15,  Металург е четврти со 8, а ЖРК Вардар е шести со  6 освоени поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top