Авион бил погоден од гром додека летал од Истанбул кон Измир. Леталото од турската компанија „Туркиш ерлајнс“ успеал принудно да слета на аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир. Сите 112 патници и членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.
По ударот на громот се запалил моторот на авионот. Патниците како на филм сето тоа го гледале. Еве ја реакцијата на преплашените луѓе во авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.