Вечерва горат старите турските гробишта во Битола, објави пред малку Апла.мк.
Жителите од населбата Ушици реагираат дека гори веќе подолго време, пожарот се шири со големи пламени јазици и веќе се доближува до куќите и предизвикува паника кај населението. Се соменваат дека се работи за подметнат пожар зашто се појавил доцна попладнево.
Фотографијата ја испратиле жители од зградите во близина и велат дека пламените јазици се толку високи што можат па се видат дури и преку покривите на околните куќи. Ова не е првпат да се палат турските гробишта во Битола. Годишно по неколку пати горат, посебно во летниот период кога се обраснати со густа вегетација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.