Тензиите во Металург очигледно спласнаа, а Дарко Станиќ, кој сакаше да си замине, повторно ќе ја носи „единицата“ во редовите на македонскиот вицешампион. Србинот бараше за него да се одреди висината на отштетата за да се префрли во редовите на лутиот ривал Вардар, а сепак до таков трансфер не дојде.
Металург побара 200 илјади евра за предвреме да го ослободи Станиќ, а од Вардар не сакаа да чујат за ангажман на голманот по таа цена. Дарко останува во Металург, екипа што повторно има одличен состав и ќе бие битка со Вардар за титулата. Еден од најдобрите средни бекови во Европа, Павел Атман, го одбра дресот со број 19, Ренато Вугринец ја задржа седмицата, а нема промени ниту кај домашните ѕвезди, Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Гоце Георгиевски, Дејан Манасков…
Дарко Станиќ (голман) бр. 1
Гоце Ојлески (лево крило) бр. 3
Ванчо Димовски (пикер) бр. 4
Борјан Маџовски (среден бек) бр. 5
Дејан Пецаковски (лев бек) бр. 6
Ренато Вугринец (десен бек) бр. 7
Никола Костески (десно крило) бр. 8
Гоце Георгиевски (десно крило) бр. 9
Мартин Манасков (среден бек) бр. 10
Дејан Манасков (лево крило) бр. 11
Филип Миркуловски (среден бек) бр. 13
Велко Маркоски (лев бек) бр. 14
Златко Мојсоски (десно крило) бр. 15
Никола Митревски (голман) бр. 16
Никола Маркоски (пикер) бр. 17
Наумче Мојсовски (среден бек) бр. 18
Павел Атман (среден бек) бр. 19
Петар Ангелов (голман) бр. 20
Сергеј Жедик (лев бек) бр. 22
Марко Нелоски (лев бек) бр. 24
Петар Топиќ (пикер) бр. 25
Никола Кеџо (десен бек) бр. 26
Бојан Маџовски (лево крило) бр. 27
Филип Талески (лев бек) бр. 28
Аце Јоновски (лев бек) бр. 29
Игор Мандиќ (лев бек) бр. 39
Жарко Пешевски (пикер) бр. 44
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.