| четврток, 6 декември 2018 |

Разговорите за името ќе се активираат на крајот на летото

inki-5-Разговорите за името повторно ќе се активираат на крајот од летото, односно на почеток на септември, со средба со медијаторот Метју Нимиц – најави шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Според Канал 5, тој, говорејќи пред комисијата за надворешна политика во парламентот потенцирал дека Грција ја поддржува евроатлантската интеграција на Македонија, но сепак зависело од нас, од нашата политичка одлука за целосно да се исполнат општите критериуми за земјите кандидати. Тој нагласува иреденитизмот, прекршувањето на грчкото културно наследство, и нарушувањето на добрососедските односи како главни предуслови кои се забележуваат во сферата критериуми за земјите кои сакаат да станат членки

-Не е прашањето за името тоа кое што ја блокира европската перспектива на соседната земја, туку критериумите што треба да се исполнат, како што се добрососедските односи – додава тој.

-Не разбрав дали останувате на позицијата која ја изрази Грција во Букурешт – реагираше пратеникот од Неа Димократија, Стилијанидис, прашувајќи го Венизелос дали името Горна Македонија го смета за име со географска одредница. Шефот на грчката дипломатија објасни дека позицијата на Атина е почитување на одлуките на Советот за безбедност и мисијата на Нимиц, а го спомена и грчкиот предлог меморандум за разбирање. Според Венизелос, Грција била најважниот сосед и партнер и единствената порта за излез на Македонија кон евроатлантските алијанси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top