Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ поднел жалба против хрватскиот премиер Зоран Милановиќ за клевета и навреда во која навел дека неговиот поранешен сопартиец во изјавите по првиот и вториот круг на локалните избори во мај и јуни ширел невистини за него, кои можат да влијаат на честа и угледот. Бандиќ побарал надомест во износ од 500 дневници на Милановиќ, што е еквивалентно на околу 350 000 хрватски куни (околу 175 000 евра).
Судот засега само ја прифатил жалбата на Бандиќ, но истакнал дека нема начин да се започне судски процес, бидејќи премиерот ужива имунитет од судско гонење.
Затоа Бандиќ побара од надлежната парламентарна комисија да одобри укинување на имунитетот на премиерот. Според загребскиот весник “Јутарњи лист” и ова барање е прифатено, но комисијата се уште не разговарала за ова прашање.
Весникот истакнува дека премиерот може да ја чека судската покана мирно, бидејќи според законот е заштитена од гонење за некои дела, меѓу кои и за клевета.
Милан Бандиќ е поранешен член на Социјалдемократската партија на Зоран Милановиќ, но поради споровите со лидерот на партијата и поради намерата да се кандидира како независен кандидат на претседателските избори во 2009 година беше исклучен од партијата.
На последните локални избори оваа година Бандиќ го победи кандидатот на социјалдемократите Рајко Остојиќ и освои петти мандат како градоначалник на главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
„Гугл“ заработи тужба: Одбива да затемни воени локации
-
Девојката турната од мост ја тужи нејзината другарка
-
Откако Ѓоковиќ го тужеше Рио де Женеиро, сега бразилските власти го тужат Ноле


