| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам ќе ги напушти воздухопловните сили

Британскиот принц Вилијам ќе ги напушти кралските воздухопловни сили каде служи како пилот на спасувачки хеликоптер, за да се приклучи на армијата, тврди весникот “Сандеј експрес”. Според изданието причината е желбата на принцот да биде поблиску до семејството.

31-годишниот принц Вилијам служи во кралските воздухопловни сили во Велс, но неговата работа таму завршува во септември. Според изданието, тогаш тој ќе се префрли во Кралската коњица (Blues and Royals), за да може да биде стациониран во Лондон. А таму ќе биде заедно неговата сопруга, Војвотката од Кембриџ Кетрин и штотуку родениот син, принцот Џорџ.

Вилијам ќе се приклучи на својот поранешен полк во Кралската коњица како капетан. Ќе биде базиран во Најтсбриџ, западен Лондон, и нема да оди на мисии зад граница.

Портпарол на кралско семејство одби да ја потврди веста. “Ние ќе дадеме навремено изјава за идната улога на принцот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top