Принцот Чарлс отсекогаш бил контраверзна личност на британскиот кралски двор.
69 годишниот Чарлс, син на британската кралица Елизабета, успеа да го смири една жена Камила, љубовта на неговиот живот, а тоа беше и за време на неговиот брак со трагично починатата принцеза Дајана, со која ги доби два сина, принцовите Вилијам и Хари. Сепак Чарлс отсекогаш сакал само една, Камила Паркер, со која на крајот се ожени во 2005 година, 8 години по смртта на неговата прва сопруга Дајана.
Кралското семејство со време ја прифати новонастанатата ситуацијата, а Чарлс стана првиот кој се венча на цивилна церемонија во градската општина. После деценија љубовни скандали и негодување на јавноста поради неговиот однос кон никогаш прежалената народна принцеза Дајана, се чинеше дека принцот се смири, но сега повторно дојде во центар на вниманието, не поради љубовта, туку поради расипништвото, кое ги разбесни Британците.
Принцот така минатата година направил сметка од дури еден милион фунти и тоа само за патувања, а само за својата и посетата на Камила минатата година на Индија, Сингапур и Малезија потрошил дури 363 илјади фунти. За споредба, братот Едвард и неговата сопруга на истата рута потрошиле 22.000 фунти како би им се придружиле.
Минатата година на кралските патувања Чарлс и Камила потрошиле вкупно 4,7 милиони фунти, што е за 200.000 футни повеќе од 2016 година. Најскапиот облик на кралските патувања претставува кралскиот воз, кој чини околку 20.000 фунти по патување, а Чарлс со него во 2017 година се возел дури седум пати, додека кралица се возела само три пати. Даночните обврзници принцот ги олеснил за 16.000 футни во еден ден, како од Лондон би стигнал до Биркхол, својот посед во Шкотска со приватен авион, иако за тоа не постоела оправдана причина. Чарлс често знаел и да лета одвоено од своите синови на иста локација во ист ден со што потрошил дополнителни пари, а како причина навел различни места на полетување.
Исто така, расипичкиот принц минатата година потрошпил скоро 5 милиони футни на синовите Хари и Вилијам и нивните семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт
-
Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)
-
Богат сум, не сум ни Ганди, ни Мендела: Саудискиот престолонаследник потрошил милиони долари на овие три работи!