При извршената проверка се покажа дека подот на болидот е потенок од дозволените 5 мм. Поради тоа прекршување на техничките правила претставници на Лотус беа повикани за објаснување пред комисијата и стјуардите.
Од Лотус најавија дека тенкиот под се должи на премин преку тротоарот на кривината број 11 на патеката “Хангароринг” за време на вториот дел од квалификациите. Објаснувањето беше прифатено и Грожан ќе може да тргне од третата стартна позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


