| четврток, 6 декември 2018 |

На Каракачанов му пречи заедничката македонско-бугарска седница

znaminjaНа заедичката седница на македонската и бугарската Влада во бугарскиот пограничен град Ќустендил се разговара за евроатлантските интеграции, економијата, енергетиката, можноста за инфраструктурни проекти и за теми од областа на земјоделството и  други прашања кои се од заемен интерес на двете држави. Оваа неформална заедничка мини владина седица на владите на Македонија и на Бугарија е подготовка за официјалната заедничка меѓувладина седница која треба да се одржи до крајот на годинава.
На средбата од македонска страна, покрај премиерот Никола Груевски, присуствуваат и вицепремиерот Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, за транспорт и врски Миле Јанакиески и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Од бугарска страна делегацијата ја предводи бугарскиот премиер Пламен Орешарски, кој е придружуван од вицепремиерката  Зинаида Златанова, министерот за транспорт, информатички технологии и врски Данаил Папазов и министерот за земјоделство и храна Димитар Греков.
Станува збор за неформална заедничка мини владина седница на владите на Македонија и на Бугарија која е во функција на продлабочување на меѓусебните релации и унапредување и развој на добрососедските односи.
Предвидена е тет-а-тет средба на премиерите Груевски и Орешарски, поединечни и заеднички средби на министрите и пленарна седница.

Вон средбата, на плоштадот пред зградата на општина Ќустендил, во која се случува средбата, протест одржува мала група од 10-тина припадници на партијата ВМРО на Красимир Каракачанов кои имаат истакнато антимакедонски пароли.
Седницата ја покриваат голем број македонски новинари, а има интерес и од медиумите во Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top