Сега вели дека не е изненаден од откритието на Парламентарната комисија на Франција, според кое буквално сите велосипедисти во деведесетите години на минатиот век, злоупотребувале недозволени стимулативни средства.
„Не сум изненаден. Тоа за сите нас беше несреќен период, кога сите ги кршевме правилата и лажевме“, изјави Армстронг во врска со соопштението на Парламентарната комисија на Франција, која утврди дека првопласираните велосипедисти на Тур да Франс 1998-та година, ја користеле забранетата супстанца еритропоетин.
Француската парлментарна комисија откри дека италијанскиот велосипедист Марко Пантани и Германецот Јан Улрих, го користеле споменатиот ЕПО во текот на изданието на Ле Тур“ во 1998-та.
Пантани, кој повеќе не е жив, ова натпреварување успеа да го заврши на првото место, додека Улрих беше втор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.