Судијата Јулијан Дима немаше милост кон играчите на Клуж и Поли Темишвар и им покажа вкупно дури 16 жолти картони и 3 црвени, во „луд“ меч што заврши нерешено 2-2. Опомени имаше на двете страни, 10 за домаќините од Клуж и 6 за гостите од Темишвар, а предвреме теренот поради црвен картон го напуштија тројца играчи на Клуж. Исклучени беа Костеа, Фелгуераш и Деак, па домаќините мечот го завршија со само 8 играчи.
Среќа за Клуж што мечот трае 90 минути, инаку кој знае што ќе им стореше Дима. Во фудбалот е дозволено екипа да има на теренот најмалку 7 играчи, во спротивно следува прекин на мечот и пораз со службен резултат од 0-3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Земјотрес од 5,8 степени во Романија