| четврток, 6 декември 2018 |

„Лазар“ ќе ни удри добра шлаканица

Јас по­тек­ну­вам од Ма­ке­до­ни­ја. Јас сум Ма­ке­до­нец и  од мо­е­то ма­ке­дон­ско­то жи­вот­но искус­тво  имам не­кол­ку при­каз­ни, кои чув­ству­вам по­тре­ба да ги рас­ка­жам. Ус­ло­ви­те за пра­ве­ње филм, ба­рем за ме­не, не беа нак­ло­не­ти по­дол­го вре­ме. Во ме­ѓу­вре­ме се пре­се­лив во Ка­на­да, та­ка што се­га не­ка­ко дој­де пер­и­од во кој се отво­ри мож­ност да пра­вам нов филм во Ма­ке­до­ни­ја. За ме­не е  фас­ци­нан­тен тој тран­зи­ци­ски пер­и­од во што ни се слу­чу­ва во пос­лед­ни­те два­е­сет го­ди­ни. Ко­га ние из­ле­гу­ва­ме од еден си­стем и се транс­фор­ми­ра­ме во друг си­стем, со си­те проб­ле­ми што ги но­си тоа, од пре­ис­пи­ту­ва­ње на сопс­тве­ни­от иден­ти­тет ка­ко др­жа­ва и на­ци­ја, до пре­ис­пи­ту­ва­ње на се­бе си са­ми­те, ге­о­граф­ски при­па­ѓа­ме во Евро­па, но не сме вле­зе­ни во таа ед­на за­пад­на де­фи­ни­ци­ја на Евро­па, транс­фор­ма­ци­ја на тој ко­му­ни­стич­ко-со­ци­ја­ли­стич­ки си­стем во де­мо­крат­ско-ка­пи­та­ли­стич­ки па­зар. Таа транс­фор­ма­ци­ја е мно­гу дра­ма­тич­на. Тоа е со­стој­ба во ко­ја не­кои лу­ѓе, кои се де­фи­ни­ра­ле ка­ко еден тип, тре­ба да се транс­фор­ми­ра­ат и да ста­нат друг тип лу­ѓе. А мно­гу е те­шко не­кој што е на­у­чен и вос­пи­тан да жи­вее во ед­но уре­ду­ва­ње, да се прис­по­со­би и да жи­вее во дру­го уре­ду­ва­ње. Мис­лам во тој еден пер­и­од, ко­га ја сне­ма др­жа­ва­та што по­сто­е­ше прет­ход­но и тре­ба­ше да се фор­ми­ра но­ва­та др­жа­ва, де­ве­де­сет про­цен­ти од лу­ѓе­то беа збу­не­ти, не зна­е­ја ка­ко по­на­та­му, поч­наа да се сна­о­ѓа­ат, да пре­жи­ву­ва­ат… На­чи­ни­те на пре­жи­ву­ва­ње се­којд­нев­но ги чи­та­ме во вес­ни­ци­те. Тоа се при­каз­ни­те што се мно­гу дра­ма­тич­ни и ме­не ме инс­пи­ри­ра­ат. Ед­на од тие при­каз­ни е оваа за Ла­зар и за То­ни, кои се од ед­на фа­ми­ли­ја што е под удар на таа тран­зи­ци­ја, се транс­фор­ми­ра и го тр­пи уда­рот на оп­штес­тве­на­та про­ме­на и на вна­треш­на­та про­ме­на што се слу­чу­ва кај нив – ва­ка ма­ке­дон­ски­от ре­жи­сер Све­то­зар Ри­стoв­ски го об­јас­ну­ва сво­е­то вра­ќа­ње на ма­ке­дон­ска­та филм­ска сце­на. Отка­ко пред де­вет го­ди­ни во зем­ја­ва го сни­ми „Илу­зи­ја“, тој се пре­се­ли во Ка­на­да. Се­га, де­вет го­ди­ни по­доц­на, по­втор­но се пот­пи­шу­ва ка­ко ре­жи­сер на нов ма­ке­дон­ски филм, овој пат „Ла­зар“.

LAZAR-film-4-

Со Ри­стев­ски и со не­го­ви­те глав­ни акте­ри Де­јан Ли­лиќ (То­ни) и Ве­дран Жи­во­лиќ ( Ла­зар) раз­го­ва­рав­ме во са­бо­та, единс­тве­ни­от сло­бо­ден ден во не­де­ла­та на филм­ска­та еки­па. Рас­по­ло­же­ни, отво­ре­ни, до­сет­ли­ви… Жи­во­лиќ и Ли­лиќ се за­поз­на­ле пред еден ме­сец, на ка­стин­гот на фил­мот. Де­нес ќе ре­че­те де­ка се зна­ат со го­ди­ни. Ин­тер­ни ше­ги, до­пол­ну­ва­ње на мис­ли… Жи­во­лиќ рас­ка­жу­ва ка­ко слуш­нал за актер­ски­те ква­ли­те­ти на Ли­лиќ:

– Не зна­ев ни­ту еден актер од зем­ја­ва. Пред оде­ње на из­бо­рот на акте­ри го гле­дав фил­мот „Илу­зи­ја“ и бев оду­ше­вен од на­чи­нот на раз­мис­лу­ва­ње и од при­ста­пот што го има Све­то­зар. Мно­гу ми се до­па­ѓа Вла­до Јо­ва­нов­ски ка­ко актер и ка­ко ја оди­гра уло­га­та во тој филм. А во ави­он, до­де­ка па­ту­вав кон Ма­ке­до­ни­ја, ми го по­со­чи­ја Де­јан Ли­лиќ. Слу­чај­но се по­го­ди до ме­не да се­ди ва­ши­от ре­жи­сер Де­јан Прој­ков­ски. Ми ре­че де­ка „има еден мно­гу до­бар актер од Ма­ке­до­ни­ја, кој е ди­ре­ктор на на­ши­от те­а­тар“. И по­тоа на из­бо­рот имав сре­ќа и не­го да го срет­нам.

LAZAR-film-2-

Се слуш­наа не­го­ду­ва­ња зо­што глав­ни­от лик е Хр­ват. Све­то­зар Ри­стев­ски ве­ли:

– Ко­га се пи­шу­ва лик се пи­шу­ва ка­ра­ктер, кој тре­ба да изг­ле­да фи­зич­ки та­ка ка­ко што е за­мис­лен, да има ка­па­ци­тет, ин­те­ле­ген­ци­ја за ка­ме­ра, да мо­же да го до­ло­ви ли­кот од хар­ти­ја на плат­но. Си­те акте­ри се из­бра­ни по тоа да од­го­ва­ра­ат на ли­кот што го игра­ат. Ед­на од нај­бит­ни­те ком­по­нен­ти е ли­ко­ви­те да од­го­ва­ра­ат на ли­ко­ви­те што се на­пи­ша­ни и ме­ѓу­себ­но да се соз­да­де не­ко­ја хе­ми­ја. Ве­дран од­го­ва­ра иде­ал­но за ли­кот на Ла­зар, ка­ко што Де­јан е за То­ни, На­та­ша за Ка­те­ри­на. Мис­лам де­ка тре­ба да има­ме на ум де­ка ни­ти фил­мот е ло­ка­лен, ни­ту ре­жи­се­рот е ло­ка­лен, ни­ту ние тре­ба да би­де­ме ло­кал­ни. Тре­ба да се свр­ти­ме кон над­вор и да има­ме ин­тер­на­ци­о­нал­ни, ре­ги­о­нал­ни про­ду­кти.

Ве­дран во фил­мот го глу­ми Ла­зар, мом­че­то ро­де­но во Штип, кое се со­о­чу­ва со проб­ле­ми­те на тран­зи­ци­ја­та. Сме­та де­ка ли­кот на Ла­зар е мно­гу уни­вер­за­лен:

– Слу­чај­но ѕвез­ди­те се по­го­ди­ле тој да би­де ро­ден во Штип. Мо­жел да се ро­ди и во Бо­стон, Јо­ха­ненс­бург. Тоа не е при­каз­на што ја но­си од ме­сто­то ка­де што е ро­ден. Тоа е при­каз­на што ја но­си во се­бе, со по­тре­ба да се из­диг­не над си­ту­а­ци­ја­та во ко­ја се на­о­ѓа. Чув­ству­ва енер­ги­ја од дру­ги­те лу­ѓе и  во се­бе ја пре­поз­на­ва по­тре­ба­та да би­де по­го­лем од тоа во кое се на­о­ѓа. Ли­кот е пре­кра­сен, со мно­гу емо­ции. И не са­мо Ла­зар. И То­ни и Ми­ки и Ка­те­ри­на… си­те ли­ко­ви. Ре­ткост е, ду­ри и во те­а­тар, да се ви­дат тол­ку ос­мис­ле­ни ли­ко­ви со тол­ку емо­ции и про­стор да го по­ка­жат це­ли­от свој жи­вот. И ти оста­ва­ат мож­ност да ви­диш ка­ков е тој жи­вот и да раз­мис­лиш ка­ков би мо­жел да би­де.

LAZAR-film-3-

И Ли­лиќ е фас­ци­ни­ран од тоа ка­ко Ри­стов­ски го прет­ста­вил ли­кот на То­ни. Трг­ну­ва со иста­та те­за, се ра­бо­ти за уни­вер­за­лен лик, кој е ка­ко зем­ја во тран­зи­ци­ја, пад­ни-ста­ни, во еден миг ко­га мис­лиш де­ка ги имаш ви­стин­ски­те ре­ше­ни­ја се по­ка­жу­ва де­ка тие ре­ше­ни­ја не се до­бри…

– Од тие ре­ше­ни­ја се ва­ди, се пре­пел­ка  це­ло вре­ме во сво­јот сив жи­вот, во тран­зи­ци­ски­те проб­ле­ми што ги има. Чо­век што е тех­но­ло­шки ви­шок, от­пу­штен од ра­бо­та , со свои лич­ни и фа­ми­ли­јар­ни проб­ле­ми, проб­ле­ми што ги но­сел од дет­ство­то, се оби­ду­ва да вос­по­ста­ви ред во сво­јот жи­вот, ти­пи­чен за еден ма­ке­дон­ски чо­век. Од дру­га стра­на е и мно­гу не­ти­пи­чен. Не де­ка е лаж­го, кри­ми­на­лец,  не де­ка е чо­век што са­ка да жи­вее на не­сре­ќа­та на дру­ги­те, ту­ку, ве­ро­јат­но, жи­во­тот го на­те­рал та­ка. Жи­во­тот го те­ра ус­лов­но да га­зи по тру­по­ви, да пра­ви ра­бо­ти што мо­же да би­дат и на ше­та на дру­ги­те. Од ед­на стра­на, мо­жеш во­оп­што да не го оправ­даш, а од дру­га ста­на мо­жеш и да го оправ­даш. Емо­ци­о­нал­но е ка­ко стру­ја, си­ну­со­и­да, го­ре-до­лу. Мно­гу че­сто го ме­ну­ва рас­по­ло­же­ни­е­то. По­сто­ја­но е со не­ка­кви мис­ли во гла­ва, пла­но­ви, ма­те­ма­ти­ка, а ма­те­ри­ја­лот што го има, за жал, не му е го­лем. По­сто­ја­но цр­пи средс­тва од дру­ги. Чо­век од ма­ло ме­сто, од мал град, кој мо­же да е сме­стен во Ма­ке­до­ни­ја или во ко­ја би­ло дру­га зем­ја. „Ла­зар“, ге­не­рал­но, е уни­вер­за­лен  филм. Ли­ко­ви­те не­ма да  по­ми­нат са­мо во Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку ќе би­дат пре­поз­на­е­ни  во по­го­ле­ми­от дел од све­тот – ве­ли Ли­лиќ, Све­то­зар на­до­пол­ну­ва:

– То­ни е до­бар чо­век ста­вен во ло­ша си­ту­а­ци­ја. Не­ма ни­ту еден лош лик во фил­мот, но си­те се ста­ве­ни во ед­на бор­ба за пре­жи­ву­ва­ње. Це­ло вре­ме до­не­су­ва­ат од­лу­ки во мо­мен­тот  и по­тоа де­те­кти­ра­ат што на­пра­вив, ка­де сум и ни­кој не трг­ну­ва од не­ко­ја не­га­тив­на по­зи­ци­ја. Ед­но­став­но, не­га­тив­ни­те си­ту­а­ции им ги на­мет­ну­ва жи­во­тот и се оби­ду­ва­ат да исп­ли­ва­ат на по­вр­ши­на.

LAZAR-film-1-

Из­не­на­ду­ва­ње за штип­ја­ни

Еки­па­та на „Ла­зар“ нај­а­ву­ва ин­те­рес­ни слу­чу­ва­ња на штип­ски­те ули­ци. Еки­па­та де­но­ви­ве се пре­се­ли во Штип ка­де што, ве­лат, ќе се ра­бо­ти на мно­гу ин­те­рес­ни сце­ни. На 29 ју­ли се сни­ма ма­сов­на сце­на на глав­на­та ули­ца во гра­дот, а се под­го­тву­ва из­не­на­ду­ва­ње за гра­дот Штип. Ќе на­пра­ват до­бра за­ба­ва за штип­ја­ни, но Ри­стов­ски ве­ли ра­но е да се открие из­не­на­ду­ва­ње­то.

Целиот разговор со актерите Лилиќ и Живолиќ, како и со режисерот Светозар Ристовски, можете да го прочитате во новиот број на неделникот Република, што од денеска (26.7.2013) е во продажба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top