| четврток, 6 декември 2018 |

Дејан Лилиќ, Викторија Лоба и Филип Божиновски ги изработија своите Божикни ѕвезди

Во семејниот дом на Даниела Секуловска која веќе неколку години изработува Божикни ѕвезди за децата што ги предводат Бадниковите поворки, беше организирана мини работилница во која се вклучија Викторија Лоба, Дејан Лилиќ и Филип Божиновски кои ќе бидат дел од овогодишните Бадникови поворки и заедно со уште многу познати личности од светот на музиката, филмот, телевизијата, спортот и театарот, ќе чекорот и пеат заедно со децата, и во тоа колективно радосно празнување, ќе го наговестуваат Христовото Раѓање.

Божикната ѕвезда ја симболизира Витлеемската ѕвезда која со необична светлина блескала и ја осветлувала пештерата во која се родил Исус Христос. За неа се знае дека се разликувала од обичните ѕвезди. Неа ја следеле тројцата мудреци (според податоците тие биле мудреци – астрономи од Исток). Нејзината силна и чудесна светлина блескала дури до нивната родна земја, па тие како добри познавачи и толкувачи на ѕвездите, знаеле дека кога на небото ќе се појави толку светла ѕвезда, тогаш сигурно се родила некоја голема и значајна личност – цар. Така тие тргнале по неа, ѕвездата се движела пред нив, им го осветлувала патот по кој тие се движеле, и ги довела токму до пештерата во која се родил Христос, каде што уште еднаш силно засветлила, покажувајќи им го на тој начин местото на раѓањето на Царот Христос.

Бадниковите поворки радиционално и оваа година, на 6-ти Јануари – Бадник, ќе се одржуваат низ улиците на Скопје и сите останати градови во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top