| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо пак си ја проба среќата со Руни, ама епилогот е идентичен

Роман Абрамович ја прифати сугестијата на португалскиот стручњак и испрати официјална понуда за репрезентативецот на Англија, но истата беше експресно обиена од челниците на Манчестер Јунајтед со обрзаложение дека Руни не е на продажба

 murinjo
Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, откри дека нема ништо ново кога е обидот на „сините” да ги осигураат услугите на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.
„Во овој момент го знаете истото што и јас го знам. Знаете дека испративме официјална понуда за напаѓачот на Манчестер Јунајтед. Нема ништо ново кога е во прашање оваа ситуација. Јас не чуствувам никаков пристисок или некаква паника. Сите сме мирни во клубот. Атмосферата е совршена, јас имам на располагање одличен тим, можеме целосно да бидеме задоволни од тоа што го имаме”, изјави Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top