| четврток, 6 декември 2018 |

Плазибат од Работнички се сели во Јапонија

Левото крило на македонскиот прволигаш Работнички, Стипе Плазибат ќе се пресели во Јапонија и ќе му се приклучи на доскорешниот соиграч Баже Илијоски во второлигашот Гифу. Хрватскиот интеренационалец успешно ги минал тестовите и ќе игра во тандем со напаѓачот Илијоски за јапонскиот тим.

Плазибат пристигна кај „романтичарите“ од нисколигашот Дугопоље, а има настапувано и за Шибеник во хрватскиот шампионат.

Денеска Работнички се засили со Борче Маневски, кој ќе биде играч на тимот од Дебар Маало во следните две сезони. Маневски дојде од Вардар, а претходно има настапувано за „романтичарите“ од 2010 до 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top