| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: Македонците повторно би го гласале Груевски за премиер

Македонците повторно би го избрале Никола Груевски за премиер доколку избираат меѓу него и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Дури 48 проценти од испитаниците во анкетата спроведена од агенцијата „Ипсос стратеџик пулс“, по барање на Институтот „Димитрија Чуповски“, се изјасниле за Груевски.

anketa1

Телефонски биле анкетирани 2000 испитаници во периодот од 26 јуни до 7 јули 2013 година. Сепак, етничките Албанци се изјасниле дека тие би го претпочитале за премиер Заев, дури 36 отсто.

anketa2

И во случај кандидат за премиер да се Груевски и Зоран Јовановски, или Груевски и Игор Ивановски, Груевски и Кире Наумов, Македонците, според анкетата, повторно би гласале за Груевски.

anketa3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top