| четврток, 6 декември 2018 |

Порака до СДСМ: координирајте си ги пратениците

zemjodelie„СДСМ наместо да се занимава со лиферување соопштенија за Договорот за закуп на земјоделско земјиште, потребно е со своите пратеници кај себе и меѓу себе да ги расчисти дилемите и недоумиците кои тие ги имаат, а се поврзани со реализацијата на проектот од предметниот Договор, реагира Министерството за земјоделство на вчерашната тричасовна расправа на собраниската Комисија за земјоделство.

Некоординираните пратеници на СДСМ не ги поставија прашањата за елементите за кои имаат дилема. Впрочем, свикувањето на седницата на Комисијата беше на нивна иницијатива. Наместо да се говорат генерално, можеа да постават конкретни прашања што им беше и понудено. За тоа за што поставија прашање, добија и одговор“, се додава во соопштението.

Од Министерството повторуваат дека Договорот е склучен во согласност со постапките уредени со одредбите од Законот за земјоделско земјиште според кој сѐ додека се исполнуваат обврските кои се преземени од страна на инвеститорите, не само во овој договор, туку и во сите останати договори за закуп на државно земјоделско земјиште, Министерството за земјоделство не може да ги раскине само затоа што СДСМ сака да се направи тоа.

„Ќе прашаме дали за нив е важен самиот проект и висината на средствата кои ќе се вложат или пак предмет на опсервација е економската логика, која и самите тие наведоа дека во аграрот недоволно ја познаваат и ја разбираат. Составен дел на Договорот е листата на сите парцели на земјиштето. Листата е достапна и лесно можат да пресметаат дека висината на закупнината е во рамките на законски предвидената, дури и повисока“, се додава во подолгото соопштение од посочуваат од ресорното министерство, од каде и го реафирмираат ставот дека заедно со Владата силно ги поддржуваат сите заинтересирани инвеститори кои гледаат интерес за вложување на капитал, особено во земјоделскиот сектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top