| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен машиновозачот на возот што излета од шини

Spain Train DerailmentМашиновозачот на возот, кој излета од шините во Шпанија, е уапсен во болницата каде што беше примен на лекување. Според тамошните медиуми, судијата побарал да се земе изјава од возачот во болница, каде што е задржан. Причина за инцидентот е преголемата брзина со која се движел возот.

Во несреќата загинаа 80 лица, а повече од 100 се повредени. Возот, во кој имало 218 патника, излетал од шините во близина на железничката станица на градот Сантијаго де Компостела, главниот град на Галција. Сите вагони се превртеле. Во Галиција е прогласена тридневна жалост во спомен на жртвите на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top