| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија подобра од Холандија, ќе играме полуфинале во Струмица

Македонските кошаркарски таленти ја победија Холандија со 69-55 и ќе играат во полуфиналето на европското првенство, Б-дивизија за играчи до 18 години.

Со одлична одбрана во финишот, кога не им дозволивме на „лалињата“ да постигнат кош цели три минути го скршивме отпорот на холандските надежи.

Триото Магдевски, Николов и Младеновски кое и досега беше движечка сила на првенството, искомбинира 45 поени заедно, што беше доволно за победа, секако со стандардниот учинок и на останатите момчиња во нашата репрезентација.

Најефикасен беше Николов со 17 поени, два повеќе од Магдевски и за уште два во однос на Младеновски кој имаше и 9 скока, најмногу на натпреварот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top