Прилепската полиција ќе го испитува инцидентот што се случил денеска напладне кога педесет и тригодишен жител на прилепското село Секирци го застрелал со пушка својот пријател и соселанец при лов на диви свињи.
Повредениот прилепчанец не е во животна опасност.
Нему му е укажана лекарска помош во болницата во Прилеп каде што бил задржан на лекување.
Пушките на ловџиите биле одземени за вештачење од страна на Полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


