Во галеријата на МАНУ, вечерва во 21 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Томислав Петернек, на која ќе бидат прикажани 35 фотографии снимени за време на неговиот престој во Скопје во деновите на катастрофалниот земјотрес.
Овој настан е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.
Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


