Градскиот саат во Прилеп пред налетот на годините и времиштата, со секоја одмината година, по малку се наведнува под тежината. Со цел, да не го “скрши” староста, неодамна, Министерството за култура во соработка со прилепскиот Завод и Музеј и со локалната самоуправа, инвестираше во зацврстувањето на темелите на ова историско здание, запирајќи го понатамошното накривување на Саат кулата на сегашните 15 см, по што, овој историски споменик доби уште еден епитет – Кривата Саат кула, како уште една нова македонска туристичка атракција.
Сега, на ред е партерното уредување, за што деновиве е распишан и тендер за изведувач на работите, а се прават напори да се оспособи и механизмот на часовникот, заедно со “гонгот” чие некогаш многу препознатливото “чукање” на секој час се слушало низ целиот град.
Од ЛС информираат дека напоредно со партерното уредување околу Саатот, ќе се пристапи и кон унифицирано реновирање на фасадите од дуќаните во Старата чаршија, со цел да се долови спецификата на времето кога Старата прилепска чаршија надалеку била позната по еснафот и трговијата, односно по животот кој во неа пулсирал во еден поинаков ритам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Исчезнато 21 – годишно момче од Прилеп
-
Летале шишиња и тупаници, масовна тепачка среде бел ден во центарот на Прилеп
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Нехигиената стана атракција во Прилеп: Дали странски туристи со кофи ловат жаби во прилепските фонтани? (галерија)


