Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, демантира дека планира да ја урне порта „Македонија“. Македонските медиуми претходно го пренесоа текстот на „Фајненшл тајмс“, каде што стои дека Жерновски ќе ја урива порта „Македонија“.
-Во ниту една пригода, во изјава или настап немам споменато уривање на кој и да е споменик, па ниту на порта „Македонија“. Точно е дека за иднината на спомениците и за нивната локација ќе ги прашаме граѓаните, истите оние граѓани што претходното раководство не ги праша, дали сакаат толку пари да бидат потрошени за скапите споменици и фонтани од проектот „Скопје 2014“ – вели градоначалникот Андреј Жерновски.
Жерновски нагласува дека нема да запира нешто што е преземено како обврска и започнато. Зборот „рушење“, кој се обидуваат да ми го припишат, јас никогаш го немам употребно ниту во предизборието ниту сега како градоначалник.
Жерновски посочува дека грешка на Владата е што продолжи да го гради проектот бидејќи граѓаните, кои треба да го плаќаат овој проект, на последните избори кажаа дека „Скопје 2014“ не е проект кој им е приоритет и е премногу скап.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!
-
Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети дека нема да го блокираат референдумот за доселување на мигрантите или сепак тоа се покажа како уште една голема невистина?


