| четврток, 6 декември 2018 |

Велосипедистите ја обиколуваат Македонија, денеска пристигнуваат во Прилеп

Велосипедистите Бране Софронијовски и Горан Казаковски,  кои решија да ја обиколат земјата со велосипед, денеска ја почнаа третата фаза – од Струмица до Прилеп. Велат ова е многу тешка и исцрпувачка етапа, на која им се приклучуваат Дејан Џингарски, претседател на велосипедскиот клуб Струмица, и младиот велосипедист Димитар Велков. Очекуваат денес попладне да пристигнат во Прилеп.

velosipedisti1

На пат кон Струмица

– Со еден збор, уживаме секој ден сè повеќе и повеќе низ убавината на нашава мала, но прекрасна Македонија – велат тие.

velosipedosti1

Кочани-Струмица

Следната нивна маршрута е Прилеп – Охрид. Вчера пристигнаа во Струмица со што ја комплетираа втората етапа – Кочани – Струмица. Им се приклучил професионалниот велосипедист Сашо Јосифовски од Кочани, кој ги следел до Берово.

Кочани-Струмица

Кочани-Струмица

Целта е да се поминат 730 километри поделени во 5 етапи: Скопје – Кочани (23 јули), втората Кочани – Струмица (24 јули), третата Струмица – Прилеп (25 јули), четвртата Прилеп – Охрид (26 јули), петтата Охрид – Кичево (27 јули).

tura-juli-2013

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top