Но, кој е тој? Се поврзува со многу сторени кривични дела, за кои му биле и поднесувани пријави.
Сепак по последните настани важи за еден од најголемите идеолози и испиратори на радикалните исламистички групи во Македонија.
Неговото дејствување, покрај во Македонија се ширело и во регионот. Информациите одат дотаму што се претпоставува дека бил дел од последните немири и во Сирија.
Кај нас важи за еден од најопасните исламистички екстремисти во регионот.
Последно за што е познато дека било дело на неговото дејствување се протестите кои беа организирани по спроведената полициска акција „Монструм“ за убиството кај Смилковското езеро.
Забележителен е и случајот кога токму по акцијата „Монструм“, Шукри со писмо им се заканувал на полицајците од албанската етничка припдност.
Тој барал од нив, полициските службеници да го напуштат Министерството за внатрешни работи, во спротивно ќе им ги објавел податоците, односно адресите на живеење со име и презиме и ќе им се одмаздувал.
Покрај низата негови дејствувања во име на радикалниот ислам, Шукри бил пријавуван под сомнение дека заедно со други следбеници од радикалниот ислам преку насилство и малтретирање на имами се обидувал да ги заплаши припадниците на ИВЗ.
Овој човек бил и близок соработник со Рамадан Шити, кој животот го загуби во акцијата „Планинска бура“.
Алија му помогнал на Шити да избега по убиството на таксистот во Визбегово во 2005-та година. Една година претходно при полициска контрола, двајцата биле запрени со автомобил, при што кај нив била пронајдена поголема количина експлозив.
Воедно, се сомничи и за напад на две полициски станици.
Во врска со убиството кај Смилковското езеро, од МВР информираат дека тој не ее опфатен со кривичната пријава.
Сепак, се погласни се информациите дека токму Шукри бил близок со убијците кои се кријат во Косово, а најверојатно бил и нивен ментор и инспиратот за грозоморното убиство.
Инаку, Алија беше дел од црната листа на Европската унија поради неговите залагања против Охридскиот договор, масовните протести како и останати сценарија кои имаат 7 точки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


