
На првиот собир во салата „Автокоманда“ присуствуваа 28 ракометари. Ренато Вугринец кој доцни поради оправдани причини, ќе им се приклучи на неговите соиграчи утре.
– Клубот има многу докажани играчи, како и млади таленти. Очекувам напорни подготовки, преку кои се надевам дека ќе изборам место во квалитетниот тим на Металург. Можноста да соработувам со Лино Червар, тренер кој освои се што можеше да се освои, ми претставува голема чест и се надевам дека ќе научам многу од него – вели Петар Топиќ, најновото засилување на Металург на пикерската позиција.
Металурзите ќе се подготвуваат во Скопје до 1 август. Потоа заминуваат за Златибор, Србија, каде што ќе останат до 10 август. Од 13 август ги очекува ракометниот турнир во Струга, по што се враќаат во Скопје. Дуелите со ПИК Сегед се играат на 28 август и на 1 септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


