Македонскиот ракометен првак Вардар од денеска попладне почнува со подготовки за новата сезона, а предизвик ќе бидат настапите на 4 фронта. Најважната цел е да се остави силен впечаток во Лигата на шампионите, но не се забораваат ниту домашните задачи во првенството и купот на Македонија и настапите во СЕХА-лигата
„Му благодарам на Сергеј Самсоненко за довербата да бидам тренер на Вардар. Имаме квалитетен тим со одличнио засилувања. Би било добро дополнително да ангажираме уште еден голман и десен бек, со што би имале комплетен фонд на играчи за остварување на целите. Приоритет ни е пласман меѓу 16 најдобри воЛигата на шампионите и одбрана на титулата во домашното првенство“ – изјави тренерот Зоран Кастрастовиќ.
„Црвено-црните“ денеска од 18 часот ги палат моторите, а ќе останат само неколку дена во Скопје, по што заминуваат во Крањска Гора, Словенија.
„Во недела се селиме во Крањска гора, каде ќе останеме петнаесетина дена. Закажани ни се пријателски натпревари со Марибор и со Требња. Потоа се враќаме во Скопје, ќе учествуваме на турнирот во Струга, па по два-три дена тренинзи патуваме во Белорусија на покана на Брест Мешков. На крајот од август ќе учествуваме на турнир во Хрватска“ – го презентираше планот за подготовки Кастратовиќ планот за подготовки.
Директорот на Вардар, Сергеј Самсоненко, изрази надеж дека Металург ќе успее да го мине Сегед и да му се приклучи на македонскиот првак во групата од Лигата на шампионите.
„Ние секогаш ќе навиваме за македонски клубови, искрено се надеваме дека Металург ќе го мине Сегед и ќе се пласира во Лигата на шампионите. Колку повеќе македонски тимови има во европски купови, тоа е подобро за сите што се вклучени во нашиот ракомет“ – порача Самсоненко.
Капитенот Филип Лазаров вели дека приоритет е домашното првенство и одбраната на титулата.
„Ќе се натпреваруваме во четири натпреварувања, а за нас најважно би требало да е она што доаѓа последно, одбрана на шампионската титула. Во Лигата на шампионите имаме тешка група, но се надеваме на пробив во Топ 16 фазата од Лигата на шампионите“ – истакна Филип Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.