Издавачкиот центар „Три“ ја објави книгата „Свеќа и светлина“ од Ѓорѓи Филипов, македонски амбасадор во Австрија.
„Едно е сигурно: благодарејќи му на интернетот, и на социјалните мрежи посебно, денеска далечното станува блиско, ограниченото станува неограничено, конечното – бесконечно! Според тоа, дефинитивно: новата епоха е епоха на интеграциите! Како што на ѕвезденото небо вниманието ни го привлекуваат најсјаните ѕвезди (можеби за да не залутаме низ бескрајот!), така и на „Фејсбук“ вниманието го задржуваат вистински активните учесници. Без сомнение еден од нив е Ѓорѓи Филипов, „отмениот господин со црна паларија на главата“ и тоа независно од тоа каков професионален ангажман извршува во определен период. Вистинска потврда за тоа се неговите на прв поглед ненаметливи, но секако неодминливи статуси на ФБ кои овојпат публикувани во книга, веројатно само ќе ја допотврдат и продолжат својата благородна мисија“, вели во поговорот Милован Стефановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.