Врз фактите наведени во извештајот, моментите, доказите кои постојат таму, Владата ќе заземе став за секој аспект од моментите кои се наоѓаат во рамките на самиот извештај и соодветно на тоа ќе даде препораки и заклучоци.
– Државните институции во рок не подолг од 15 дена од минатиот вторник треба да го достават до Владата на разгледување. Се разбира дека и АД „Македонски пошти“ треба да поднесе извештај. Овие извештаи на дополнителните институции ќе бидат интегрирани во вкупниот извештај и Владата ќе го разгледува во период не подол од 15 дена, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Во пожарот во „Македонски пошти“, што се случи на 15 јануари, беа опожарени фоајето и неколку катови од зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


