| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар во подобро издание од Букурешт, сепак Стеауа заслужено оди понатаму

Вардар одигра многу подобро во реваншот против Стеауа, но и тоа не беше доволно да се избегне нов пораз и во Скопје. Гостите од Романија се моќен состав, пак победија, овојпат со 2-1 и со вкупен резултат од 5-1 заслужено се пласираа во третото квалификациско коло. Тие ќе играат против Динамо Тбилиси, а Вардар се прости од евросцената уште на почетокот на квалификациските натпревари за ЛШ.

Федерико Пјовакари со гол првенец во дресот на Стеауа во 23 минута им донесе предност на гостите од Букурешт, а во финишот на првиот дел со прекрасен удар со глава израмни Јован Костовски. Вардар се обиде да направи комплетен пресврт, одигра многу подобро од првиот меч, но немаше сили за победа. Александре Бурчеану со гол во 73 минута ги постави конечните 2-1 за романскиот првак.

Темна дамка на реваншот беа инцидентите пред и непосредно пред стартот на натпреварот. Најпрво бил каменуван конвојот автобуси со гостински навивачи, а потоа пред јужната трибина на „Филип втори“ имаше жестока пресметка меѓу „Комити“ и полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top